Регистрирајте го вашиот тим

  • Одете на Учествувај и регистрирај ја 3 км прошетка или 5 км  трка следејќи ги упатствата
  • Сега сте лидер на тимот
  • Наведете каде ќе се одвива вашата 3 км прошетка или 5 км трка (град, земја)
  • Изберете ја организацијата за рак на дојка што сакате да ја поддржите
  • Додадете информации за тимот: слика, линк до вашата веб страница или социјалните медиуми каде ќе ја промовирате трката  или прошетката
  • Кажете им на луѓето зошто сте мотивирани да трчате или да чекорите за да ги поддржите пациентите со карцином на дојка
  • Посветете ја прошетката или трката на специјална личност, пријател, здравствен работник, … Ова лице ќе добие „победнички медал“ по е-пошта и ќе биде спомнато на вашата тимска страница (по избор)
  • Платете онлајн на крајот на регистрацијата и добијте потврда по е-пошта со кодот на тимот. Овој уникатен код е клучен за управување со тимската страница и додавање на членови на тимот во секое време.
  • Поканете и додавајте пријатели, семејство, колеги во вашиот тим. Можете да го направите ова сега или подоцна: колку е поголем вашиот тим, толку подобро!
Направете розова онлајн бука и подгответе се за вашата трка
  • Можете да прошетате или да трчате низ вашето соседство, во вашето село или град, или во затворени простории, на лента за трчање или во теретана... можете слободно да одите каде што сакате, имајќи ги предвид здравствените препораки за вирусот корона што се применуваат во вашата земја или регион
  • Преку вашата тимска страница, можете да им кажете на луѓето за вашето трчање или прошетката и да ги поканите да се приклучат на тимот
  • Можете исто така да ги поканите вашите пријатели да донираат и да ја спонзорираат вашата трка или прошетка
  • Бидете инспирирани од другите тимови и поврзете се со луѓе од вашиот град или земја со помош на пребарувачот на почетната страница
  • Забавувајте се, бидете гласни: кога тренирате со пријателите, семејството или колегите, направете фотографии или снимете видео за да споделите на Facebook, Instagram или TikTok користејќи го хаштагот #RFTC2020
Race for the Cure 2020
  • На 25, 26 и 27 септември пешачиме 3 км или трчаме 5 км за да ги поддржиме пациентите со рак на дојка ширум Европа. Ајде да создадеме розова инвазија на Facebook, Instagram или TikTok со слики од луѓе насекаде низ Европа, пешачејќи и трчајќи ја сопствената Race for the Cure и да создадеме што повеќе конекции.
  • Во недела на 27 септември ќе можете да ја следите Race for the Cure во живо на оваа веб страница.

Регистрирај се сега

Регистрирајте го вашиот тим и подгответе се за вашата 3 км прошетка или 5 км трка. Вие сте слободни да одите каде што сакате, имајќи ги предвид здравствените препораки за вирусот корона што се применуваат во вашата земја или регион. Можете дури и да трчате во затворено на трака за трчање или во теретана и да ни се придружите во послердниот викенд од септември.

Помогнете ни да ја промовираме трката Race for the Cure на социјалните мрежи со помош на нашиот хаштаг!

#RFTC2020